Иако има 40 години и четири деца, Хајди Клум и понатаму изгледа совршено. Познатата германска манекенка на најновата фотографија од Бахамите, која ја објавила на Твитер, ги покажала совршените стомачни мускули.

Со насмеано лице од школки и песок, се обидела да го оттргне вниманието на машките фанови, кои погледто сигурно не го тргале од нејзината беспрекорна линија и голите гради кои се наѕирале на фотографијата.