Германската манекенка Хајди Клум на друштвената мрежа Твитер објавила фотографија на која позирала со својата мајка Ерни. Хајди, која неодамна се развела од пејачот Сил, решила да и дозволи на својата мајка да и направи нова фризура. Ерни и Клум имаат многу сличности, двете имаат руса коса и зелени очи.
Хајди под фотографијата напишала дека таа и нејзината прекрасна мајка имаат нови фризури, и се заблагодарила на фризерката. Својата нова кратка права коса на покажала на прошетка во Беверли Хилс. На нејзината рака можело да се забележи дека повеќе но го носи венчалниот прстен.