Едно од заштитните лица на популарните Викторија Сикрет, Хајди Клум рекла дека мора да ослаби уште девет килограми пет седмици откако ја роди ќерката Лу Самуел. Позирала со колешките на улиците на Њу Јорк, претставувајќи ја новата ревија. Иако се шушкаше дека таа ќе ја носи новата секси колекција, објавено е дека таа ќе биде само домаќинка на настанот. За промоцијата облече тесни траперки и кожна јакна.
Вели дека многу внимава на исхраната. Секој ден вежба со тренер. Пред десет дена се пожалила дека не може да ослаби. Рекла дека после секоја бременост вишокот на килограми исчезнувал, но дека овој пат не и било лесно. Со Британскиот пејач Сил покрај скоро родената ќерка ги има и синовите Хенри и Јохан.