Дека раскинувањето со поранешниот телохранител Мартин Кристен не и паднал тешко, Хајди Клум докажала на најдобар можен начин. Поранешната манекенка облекла тесни црни пантолони и кошаркарски дрес и се забавувала со Харлем Глобтротерси.
Поранешната манекенка во Стејплс Центарот во Лос Анџелес позирала со Скутер, Стреш и Биг Изи. Цело време била многу добро расположена. Ја научиле дури и како на врвот од прстите да врти кошаркарска топка.