Набрзо откако било објавено дека манекенката Хајди Клум се разделила со Мартин Кристен, медиумите пишуваат за нејзино наводно помирување со поранешниот сопруг. Парот неодамна почна да минува повеќе време заедно, што било доволен повод медиумите да почнат да пишуваат за распламтување на старите страсти кои се угасиле во 2012 година кога парот објавил дека се разделуваат.
Неименувани извори блиски до парот тврдат дека Хајди и Сил почнале да минуваат повеќе време заедно поради децата што резултирало со обновување на врската. Важеле за еден од најскладните славни парови, така што нивното разделување ја шокирало јавноста. Манекенката набрзо потоа почнала да се забавува со телохранителот, кој Сил во неколку интервјуа го навел како причина поради која се развеле.