Иако таа официјално сеуште не признала дека е во љубовна врска со својот телохранител, неодамна во странските медиуми се појавиле нивни заеднички фотографии од летувањето. Француските медиуми донеле уште еден топлес, а овој пат во прашање била Хајди Клум.
Манекенката, која неодамна се развела од пејачот Сил, во последно време во повеќе наврати ја демантирала врската со својот телохранител Мартин Кристен, но после фотографиите кои неодамна се појавиле, тешко е дека некој ќе и поверува. Имено, на споменатите фотографии може да се види како манекенката го мачка грбот на телохранителот, а потоа тој и возвраќа. Се претпоставува дека фотографиите се снимени во месец август за време на нивниот заеднички одмор на Сардинија. Иако сеуште не ја потврдиле својата врска, за тоа нема потреба бидејќи е повеќе од очигледно.