Хајди Клум која има 37 години рекла дека на сите убави работи им доаѓа крајот. Додала дека секогаш ќе остане поврзана со Викторија Сикрет бидејќи одлично се забавувала работејќи за нив. Така манекенката по 13 години престанува да биде еден од ангелите на Викторија Сикрет и сега се чека која од нејзините колешки ќе го пополни местото.


Германската убавица главен ангел станала во 2002 година, а за нејзиното место сега ќе се борат Алесандра Амброзио, Адриана Лима, Доуцен Кроус и Миранда Кер. Хајди има четири деца и сега целосно ќе се посвети на своето семејство.