Се чини дека кризата на средни години поприлично ја потресла Хајди Клум па челнот на жирито на ‘America’s Got talent’ во последно време често се забавува, позира топлес и на сите им покажува колку е вљубена во своето 13 години помладо момче. Извор близок до манекенката открил дека нејзиното пијанење и непристојно однесување ја довеле до тоа овие денови да нема пријатели. Невозможно било да се комуницира со неа. Поголем дел од изминатата година го поминала во лудо забавување и според изворот треба малку да сопре и да се соочи со она што ја загрижува.

Причина за нејзиното однесување наводно е неодамнешното раскинување на 18-месечната врска со нејзиниот поранешен телохранител Мартин Кристен. Но, славната убавица не губела време па набрзо се нашла во прегратките на Вито Шнебел, кој претходно излегувал со актерката Деми Мур. Изворот тврди дека поради тоа Хајди не минувала многу време со своите четири деца. Освен тоа Хајди е погодена и од фактот што повеќе не е популарна како што била.