За да ја поддржи нерпофитната организација amfAR (The Foundation for AIDS Research),славниот француски дизајнер Жан Пол Готје, дизајнирал чанта со препознатливите сини морнарски пруги која ќе се продава екслузивно во Блумингдејлс. Целиот приход од продажбата ќе оди како помош за истражувањата, превенцијата и борбата против СИДА.
Промотивниот изглед е во знак на неодоливата германска русокоса, 41-годишната Хајди Клум, која позирала гола, “облечена“ само во прекрасната чанта на Готје.
Цената на чантата изнесува 35 американски долари.
извор:cromoda.com