Поранешниот супермодел Хајди Клум очигледно одлучила да го следи трендот „што помладо тоа послатко“, па така ја обелоденила врската со дури 13 години помладото момче Вито. Дека тој очигледно знае како да излезе на крај со малку постари дами, говори и фактот што пред Хајди се забавувал и со актерката Деми Мур, која е дури 23 години постара од него.

Хајди очигледно е вљубена до уши, штом одлучила и јавно да се пофали со своето момче, па така објавила нивна заедничка фотографија на својот Инстаграм профил. Мајката на четири деца на почетокот на годинава ја прекина врската со момчето од нејзиното обезбедување Мартин Кристен, со кој кратко се забавуваше.