Топ моделот Хајди Клум ќе ја води церемонијата на доделувањето на наградите “2012 MTV EMA”, која ќе се одржи на 11 ноември во халата Фестхол во Франкфурт. Доделувањето на “2012 MTV EMA”, ќе се пренесува во живо во 21 часот по централно европско време на MTV каналите ширум светот.

Хајди Клум рекла дека и е чест што ќе биде водителка на церемонијата која повторно се одржува во нејзината татковина Германија. Таа додала дека оваа церемонија е една од најголемите прослави во светот на музиката, модата и културата, и дека била пресреќна што ќе учествува во приближувањето на настанот до публиката ширум светот.