Германскиот топ модел Хајди Клум за Ноќта на вештерките смислила оригинален костум. Додека повеќето едвај ја чекаат оваа прилика да се облечат што попровокативно, Хајди одлучила да биде старица.

Таа се заблагодарила на шминкерската екипа и рекла дека патува во иднината. За маската бил заслужел стручниот тим за филмска шминка на Бил Корс и Мајк Марин. Клу добила брчки, старечки пеги, проширени вени, седа коса, па дури и ја подгрбавиле. Изгледот го надополнила со стап, бисери и облека каква што носат бабите.