Седум седмици старата Лу веќе ја одработи својата прва фотосесија во животот. Хајди Клум и Сил ја сликале својата ќерка и ги објавиле фотографиите на службената интернет страна на пејачот. Велат дека уживаат додека ја гледаат како расте.
Хајди и Сил веќе ги имаат синовите Хенри и Јохан, а манекенката има и ќерка од врската со Флавио Бриаторе.
Манекенката и пејачот се венчаа во 2005 година во Мексико, а Хајди неодамна го зела презимето на сопругот Самуел. Тие се сметаат за еден од најсреќните ѕвездени парови. Одлучиле Лу да им биде последно дете.