Како што пишува германскиот Билд, моделот и манекенка Хајди Клум завршила во болница во Сингапур бидејќи колабирала за време на снимањето на шоуто “Germany’s Next Topmodel”.

Во болница е веќе два девам а лекарите се сомневаат дека Хајди има птичји грип, но можеби и труење со храна, бидејќи претходната ноќ конзумирала храна во тајландски ресторан по што и се слошило. Хајди во болница била примена со покачена температура, исцрпена и потна. Тамо веднаш примила инфузија.