Супермоделот Хајди Клум и пејачот Сил неодамна објавиле дека се разведуваат, но ниту едниот ниту другиот не ги извадиле бурмите, а и понатаму живеат заедно. Поради тоа почнале да кружат приказни дека можеби ќе се смират, но извор близок на парот тврдел дека нивното разделување е дефинитивно.

Изјавил дека воопшто немаат намера да се смират, а сеуште никој од нив не поднел барање за развод. Пејачот Сил гостувал во неколку емисии во кои објаснил дека тој Хајди ја сака и понатаму, но и дека имаат проблеми кои не можат да ги решат. Медиумите шпекулирале дека германската манекенка не можела повеќе да ги поднесе неговите ноќни излегувања.