Хајди Клум и Сил официјално се разведени после две години. Славната убавица барање за развод поднела уште во 2012 година. Хајди и Сил во врска биле од 2004 година, а се венчале една година подоцна. За време од шест години брачен живот добиле три деца, шестгодишниот син Хенри, петгодишниот син Јохан и тригодишната ќерка Лоу.
Сил ја посвоил и најстарата ќерка на Хајди Клум седумгодишната Лени, која манекенката ја добила од претходната врска со италианскиот бизнисмен Флавиот Бриаторе. Набрзо по прекинувањето со Сил Хајди беше во врска со семејниот телохранител Мартин Кисрстен, ни пренинале после една година забавување. После тоа, се нагаѓало дека се гледа со Вито Шнебел.