Супермоделот Хајди Клум во неделата го спасила синот од давење во океан. Седумгодишниот Хенри доживеал незгода за време на одморот на Хаваите. Тој пливал со двете дадилки кога сфатил дека се нашол во предлабока вода.


Хајди и нејзиното момче Мартин Кирстен виделе дека момчето се дави и веднаш реагирале. Успеале да го извадат од водата и случката имала среќен крај. Хајди за медиумите рекла дека голем бран го повлекол во океанот. Како и секоја мајка се загрижила, но успеале да го извадат на сигурно.