Супермоделот Хајди Клум го претставила својот нов парфем “Shine” во еден хотел во Холивуд, каде се фотографирала со џиновска реплика од шишенцето со парфем. Изјавила дека е многу возбудена поради новиот парфем, кој наскоро ќе се најде во продажба.
На промоцијата на парфемот се појавиле и водителката Елен Џенерис, актерката Кирстен Данст, Елизабет Харли и многу други. Рекла дека сакала парфем кој е супер женствен и нежен. Додала дека нејзиниот сопруг имал мал удел, бидејќи првенствено сакала убаво да мириса за него, а тој не сакал прејаки мириси.