Германската манекенка Хајди Клум одлучила да ја отстрани тетоважата од подлактицата на десната рака која ја потсетува на поранешниот сопруг Сил, од кој се развела во јануари минатата година после шест години брак. Тие секоја година ги обновувале брачните завети, а во 2008 одлучиле заедно да се истетовираат.
Хајди го истетовирала името на Сил како и иницијалите на имињата на нивните три деца во три ѕвездички. Меѓутоа, сега манекенката одлучила да го тргне Сил дури и од својата рака. Извор близок на Хајди, која ужива во романсата со својот телохранител Мартин Кристен, изјавил дека била на неколку тертмани, а иницијалите на децата ќе останат недопрени.