Славната германска манекенка Хајди Клум го очекува своето петто дете, објавиле во неделата германските медиуми. Клум е бремена со својот поранешен телохранител Мартин Кристен, јавиле медиумите, потсетувајќи дека парот е во врска од септември 2012 година.
тоа ќе биде петто дете за манекенката, која ја има ќерката Хелена од врската со бизнисменот Флавио Бриаторе, и синовите Хенри, Јохан и ќерката Лоу од бракот се пејачот Сил. Агентот на Хајди Клум не сакал да ги коментира наводите за нејзината наводна бременост.