„Дали градоначалникот Бакрачески е горд и на усвоената Програмата за Социјална заштита за 2015 година? Дали можеме како Локална самоуправа да бидеме горди и да се нарекуваме лидери во водењето на социјалната политика?“, ова го запраша советничката на НСДП во Советот на општина Охрид, Верица Хајба преку писмено соопштение испратено до медиумите.
-Вистинските лидери немаше да прифатат мнозинството од Советот при општина Охрид да изгласаат програма во која се предвидени 200.000 денари за развој на Социјалната заштита за оваа година. Како можеме да се нарекуваме лидери кога општина Охрид нема разработен Акционен план за Социјална заштита во кој точно ќе се знаат облиците на делување, активностите, носителите, индицирање на сите целни групи и издвојување на определени средства. Кои се критериумите за избор на приоритети од социјална заштита во општина Охрид? Зарем со буџет од 30.000 денари ќе се фалиме дека имаме континуирана соработка со дневниот центар за децата со посебни потреби? Колку семејства ќе згрижиме со 120.000 денари и колку топли домови со само 50.000 денари?, стои во писмената реакција на советничката.
Таа запраша и што ќе стане со старите осамени лица кои во својот работен век допринесувале за развојот на општината, а денес се оставени на работ на заборавот.
-Вистинските лидери ќе имаа доблест да ги прифати Амандманите за зголемување на буџетот на Програмата за Социјална заштита, не гледајќи дали се поднесени од советник од опозицијата, бидејќи за Охрид и охриѓани се работи! Според мене како општина од која масовно се иселуваат младите луѓе барајќи егзистенција, треба да донесеме Акционен план со точно утврдена Програма за Социјална заштита во која ќе бидат опфатени сите ранливи категори, нагласува Хајба.
OhridNews