Хаику поезија од охриѓанецот Пере Ристески, деновиве е објавена во германското електронско списание Chrysanthemum, што излегува два пати годишно. Списанието објавува претходно необјавени Хаику, Сенриу, Танка, Хаибун, есеи и интервјуа на германски и англиски јазик.
Во списанието се застапени 120 автори на хаику, сенриу, танка и хаибуни од целиот свет. Одбраните творби се објавени на англиски и германски јазик.
Ристески е објавуван во повеќе светски хаику списанија и антологии на повеќе светски јазици.
OhridNews