Меѓународниот суд на правдата во Хаг ја прифати тужбата на Македонија која ја обвини Грција за кршење на времената спогодба. Судoт со Одлука од 20 јануари 2009 година ја утврди динамиката на поднесување на писмените поднесоци во случајот покренат од страна на Република Македонија против Грција, соопшти Министерството за надворешни работи.
Согласно Одлуката, Судот утврди Република Македонија да го поднесе писмениот Меморандум до 20 јули 2009 година, а Грција да го поднесе нејзиниот писмен одговор до 20 јануари 2010 година.