Претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески за в сабота 5.Јули ја закажа 26. седница на УО која ќе се одржи во х.Гранит во Охрид со почеток во 11ч.

На седницата ќе биде разгледан календарот за натпреварување за 2008/09г. , потоа пропозициите за натпреварување во Прва, Втора и Трета МФЛ и националниот куп, листите на делегати, судии и контролори.

Извештаи за првенството 2007/08 од Комесарот за натпреварување, Дисциплинската комисија и судискиот одбор.

Седницата ќе се одржи зад затворени врати.

ohridnews