Актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџиристески денеска доби поддршка од ОФС Демир Хисар.

Во писмото на ОФС Демир Хисар, кое го лиферуваа од ФФМ, пишува дека
иницијативата за смена на Хаџиристески, која ја поддржал Љубе Ристевски,
секретар на ОФС Демир Хисар, била негов самоволен и самоиницијативен
чин, а не волја на мнозинството делегати на овој општински фудбалски
сојуз.

Хаџиристески ќе биде на листата за гласање на вонредното Изборно Собрание закажано за 29 јули во Охрид.

За сега се познати уште три кандидатури  за претседател на ФФМ – Илчо Ѓорѓиевски (ОФС Скопје), Емил Божиновски (ОФС Свети Николе) и Масар Омерагиќ (ОФС Струмица).