Битолските „зелено-бели“ претрпеа пораз 2-0 (1-0) од српскиот тим Спартак Суботица на контролниот натпревар, кој го одиграа на охридскиот стадион „Атина Бојаџи“.

–  Натпреварите ќе ги искористиме за тестирање на фудбалерите кои веќе ги имаме и оние кои ќе сакаме да ги потпишиме. Ова што го игравме на двата мечеви пред заминеме за Анталија е далеку тоа што јас го посакувам во македонскиот шампионат. – рече шефот на стручниот штаб, Ѓоко Хаџиевски.

Поранешниот македонски селектор им даде шанса на сите фудбалери кои беа голобради момчиња, но со полна самодоверба се бореа против корпулетните фудбалери на Спартак.

–  Не изигравме ништо посебно, но добро е што сите се борат и посакуваат место во екипата на Пелистер . Во иднина ќе се ослониме на младите фудбалери и нема да купуваме фудбалери во поодмината возраст.- додаде Хаџиевски.

За вториот меч во подготовките новиот стратег на „пелистерци“ неможеше да смета на осум играчи кои поради повреда се надвор од тренажен процес.

Мх.П.