Харалампие Хаџи Ристески е старо – нов претседател на ФФМ. На Редовното годишно Собрание што се одржа во Струга, со 52 гласа ја доби доверба од делегатите.
Одолеа на притисоците – Хари Хаџи Ристески
По изгласаната доверба од присутните делегати, на прес – конференцијата, на новинарско прашање „дали се чувствува како победник, бидејќи скоро половина од делегатите не беа присутни“ – Хаџи Ристески одговори дека „и еден спрема нула е победа исто како и пет спрема нула“. Ваквиот одговор беше поздравен со аплауз од присутните делегати.
„ЗА“ за Харалампие. Од собранието на ФФМ
Превирањата во ФФМ се служуваат во пресрет на квалификацискиот натпревар Хрватска – Македонија, кој се смета за клучен во квалификациите за пласман на ЕП. Двата спротиставени табори изјавија дека во моментов е најважна репрезентацијата, фудбалерите и селекторот, но останува отворено прашањето колку последните случувања ќе влијаат на атмосферата во репрезентацијата која денеска го започнува собирот во Охрид.
Г. Момироски
С. Костоски