По добивањето на информациите за кривична пријава од страна на МВР, претседателот на ФФМ Хари Хаџи Ристески за сајтот на ФФМ ја даде следната изјава:

– Обвинет сум за малверзации кои се измислени бидејќи столчињата од Нирнберг кои јас ги обезбедив беа поделени на стадионите и клубовите преку град Скопје кој е збратимен со Нирнберг. За доградбата и реновирањето на стадионот во Тетово, УО на ФФМ донесе одлука по проект со кој беа префрлени пари на изведувачот на работите во висина од 200 илјади франци, а фирмата беше одредена од ФК Шкендија.

– За малверзации во Победа во 2005г. за кои ме прашуваат новинарите морам да кажам дека оставка на претседателската функција поднесов во 2002г. кога се кандидирав за претседател на ФФМ.

– Што се однесува до пријавата од финансиската полиција за местење натпревари очигледно се работи за уште еден обид за мое дискредитирање во јавноста со цел присилно да заминам од функцијата. Сомневањата кои се искажани во јавноста за сомнение тврдам дека се тенденциозни и монтирани од луѓето кои долго време упорно работат на моја смена и со тоа и прават голема штета на федерацијата и македонскиот фудбал воопшто.

Две кривични пријави за претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи Ристески

“Извор ФФМ“
Ohridnews