Претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи – Ристески по првиот конкретен разговор со еден од можните кандидати за селектор, хрватскиот стратег Иванковиќ, истакна дека разговорот не значи и избор на селектор бидејќи ситуација ќе биде појасна по одржувањето на Седницата на УО в среда.
– По седницата ќе знаеме дали ќе ангажираме селектор странец, или домашен тренер. Нашите ставови се јасни. За македонската јавност единствен успех е пласман на второто место во групата иако шансите се намалени, но сеуште се реални. Доколку УО донесе одлука за ангажман на селектор од странство тогаш ќе ги продолжиме разговорите со г-динот Иванковиќ. Тој има доставено и свое „CV“ со што и официјално е кандидат за функцијата. Ова е прв разговор со тренер за селекторската функција – изјави претседателот Хаџи-Ристески.
Покрај хрватот Иванковиќ интерес за македонската клупа пројавиле и турските тренери Јунел Краман и Зија Доган како и српскиот стратег Стеван Остојиќ со кои исто така ќе претстојат разговори. Од македонските тренери до сега нема никој доставено ниту биографија, ниту пријава.
Веднаш по состанокот претседателот на ФФМ доби лична информација од менаџерот на Олег Блохин дека е заинтересиран за функцијата селектор на македонската фудбалска репрезентација.
Во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, синоќа се одигра седмото коло од Бизнис лигата „Охрид 2025“ во шах На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат 7 екипи: Опен ГИ Охрид, ВА Плас...
Репрезентацијата на МТТФ од денес до 4 мај ќе земе учество на Европското првенство во Талин, Естонија Десет членови ќе ги бранат боите на Македонија, меѓу нив Марјанчо Лазаревски, претседател на МТ...
ФК Воска Спорт објави дека се повлекува од македонската Прва лига, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги санкционираше за недозволено напуштање на теренот на натпреварот против Варда...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.