Репрезентативецот мора да биде пример за залагање и мотивираност на
теренот за сите генерации фудбалери во Македонија
“ – изјави претсетаделот на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџи – Ристески  по денешниот состанок на Управниот Одбор на ФФМ.

Хаџи-Ристески лично пред членовите на УО изразил незадоволство од однесувањето на репрезентативците кон националниот тим, притоа потенцирајќи дека дел од вината лежи кај селекторите.

– Не е важно каде играат дали во
домашното првенство, во младите категории или пак во странски клубови, не смеат да го користат „најмилиот дрес” за промоција или себично докажување
на индивидуалните квалитети . Се поочигледно е и дека нашите селектори
не ги почитуваат основните критериуми за избор на репрезентативците. Не
држат приказните дека некој некому се меша во работата бидејќи сите наши
селектори работат независно и со максимално одврзани раце
-потенцираше Хаџи-Ристески.

Најголемиот дел од одговорноста треба да сносни шефот на стручниот штаб, смета првиот човек на ФФМ, кој на членовите на УО ги пренесе впечатоците за
време на престојот во Луксембург, но и жестоките забелешки на Тошак на
адреса на дисциплината на фудбалерите на теренот и во однос на
спроведувањето на тактичките замисли.

За
несоодветното однесување и недисциплината кај фудбалерите селекторот може да бара
одговорност кај своите соработници но не и за постигнатите резултати. Во
тој правец оди и изјавата на капитенот Горан Пандев дадена по
натпреварот во Луксембург кој побара од играчите да се погледнат во очи
по долгите години играње заедно во репрезентацијата. Спортски е оној што
не сака да игра во националниот тим тоа и да го признае, со тоа ќе им
помогне и на селекторите но и самиот себе си.
– истакна Хаџи-Ристески

УО донесе заклучок да се закаже седница кон средината на м.март на која ќе бидат повикани селекторите на националните тимови со кои директно ќе се разговара за проблемите и причините за лошите резултати во националните селекции а потоа ќе се превземат соодветни мерки и активности.

М.П.