Во зависно од постигнатите резултати на преостанатите 4 натпревари соработката со Јонуз може да биде продолжена вели преседателот на ФФМ, Хаџи – Ристески. Во изборот на Јонуз, кај управниот одбор одлучувачко било тоа што тој се нафатил да прифати ваков услов додека останатите барале независно од резултатите на во овие четири натпревари, договорот да почне сега и да трае се до завршувањето на квалификацискиот циклус за Европското првенство.
– Домашен селектор кој што цело време ќе биде тука, ќе ги прати нашите фудбалери, нашето првенство, повеќе ќе учествува во работата со клубовите, будно ќе ги следи натпреварите, мислам дека тоа преовлада затоа што сите други кои понудија не прифатија да бидат присутни цело време во Македонија. За разлика од претходниот селектор ја сведовме на македонски рамки, пола плата ќе биде од досегашната селекторска плата- рече Хаџиристески.
Јонуз кој седум години беше на кормилото на младата селекција дебито на селекторската функција ќе го има против Норвешка на 6 Јуни во Скопје.