Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџиристески го искористи убавото време да го посети Охрид и да се прошета по охридската чаршија. Во кругот на своите пријатели го затекнавме Хаџи Ристески кој е редовен гостин во Охрид на овој голем празник.
– Јас секоја година сум тука откако друштвото “Богојавление “го организира фралањето на крстот во Охридското Езеро. Ја подржувам организацијата и им честитам на сето она што го прават. Се надевам дека еден ден во Охрид ќе се одржува централната прослава на овој празник во Македонија.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com