Светската економска криза ја пролонгира примената на „HACCP“ стандардот во Македонија за 2010 година.

Владата одлучи да ја одложи примената на системот за безбедност на храна што требаше да започне оваа година. Како причина се наведува светската економска криза и лошата состојба во која се наоѓа домашното стопанство.

Инспекциските служби и натаму ќе продолжат со контрола на компаниите кои треба да воведат „HACCP“ систем, но нема да казнуваат туку само ќе опоменуваат и ќе укажуваат на обврската што треба да се спроведе.

Владата ќе инсистира во текот на годинава сите стопански субјекти да го имплементираат „HACCP“, а од почетокот на 2010 стандардот и официјално да биде во употреба, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, Зоран Ставревски.

Последното, е трето одложување на примената на „HACCP“ стандардот за безбедност на храна оваа година кој требаше официјално да стартува од 1 јануари 2009 година.

Ohridnews