Граѓаните на Охрид и Струга се погласно реагираат на хаотичната туристичка понуда на крајезерските градови. Несоодветни содржини и многу невкус ова лето има на улиците во двата града, вели еден наш читател од Охрид.

Читател од Струга пак укажува дека ништо подобра не е состојбата и во овој туристички град:

„Штом помине пола ден се вадат прекривачите и никнуваат скари каде се  подготовува храна по највисок “HACCP“ стандар. Чад на сите страни во центарот на Струга. Фискална сметка – а што беше тоа? Инспекторите се или на одмор или се немоќни, но жално е што оние кои ги почитуваат законите се незаштитени“, пишува резигниран граѓанин од Струга.

Слични “пропусти“ во туристичката понуда на Охрид и Струга имаше и во изминатите години, но по реакциите на граѓаните и туристите се чини дека ова лето кулминира хаосот на улиците во двата града, шеталиштата повеќе наликуваат на панаѓури, а правилниците за поставување урбана опрема не се почитуваат.

Ohridnews