Вчера во организација на консултантската фирма „Квалитет“ од Охрид во хотелот „Милениум Палас“ започна дводневен семинар за безбедност на храна и имплементација на HACCP системот.
Според позитивните законски прописи до први јануари 2009 година сите произведувачи и оператори со храна ќе треба да го имплементираат HACCP системот за производство на безбедна храна. Досега во државата само 3% од сите производители и трговци на храна го имаат имплементирано овој сертификат. Со цел имплементацијата да биде побрза и производителите да се запознаат со принципите на HACCP системот, се организира и овој семинар каде предавач е еминентниот стручњак од областа на безбедноста на храната и HACCP системот, дипл. инж. Раша Миланов. На семинарот учествуваат претставници од повеќе македонски фирми производители на храна.
Воведувањето на HACCP системот е процес кој бара време за имплементација, а со оглед дека рокот кој државата им го даде на компаниите да го имплементираат системот истекува за шест месеци, многу веројатно е дека голем дел од нив нема да го испочитуваат.
Јасминка Т. Момироска