Руските трупи напредуваат кон градот Севернодоњецк, изјави денеска гувернерот на регионот Луганск, Сергеј Хајдај. Севернодоњецк, најголемиот град во областа Луганск во Донбас, е во фокусот на руските напади во источна Украина.
За жал, имаме разочарувачки вести, непријателот напредува во градот, изјави Хајдај за националната телевизија.
Тој додаде дека соседниот град Лисичанск сè уште е под украинска контрола, додека главниот пат кон тие градови е гранатиран, но не и блокиран.
Откако не успеа да го освои главниот град Киев во раните фази на војната, Русија се обидува да ја консолидира својата контрола над Донбас, од кој голем дел е веќе под контрола на проруските сепаратисти.
Тие (руската армија) постојано ја користат истата тактика. Гранатираат неколку часа – три, четири, пет часа по ред, а потоа напаѓаат. Потоа следува гранатирање и уште еден напад, и така натаму додека не пробијат некаде, изјави Хајдај.
OhridNews