Денеска од 21 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ продолжува ревијата на филмови од македонскиот режисер Столе Попов, во соработка со Кинотека на Македонија.
Во летната бавча ќе биде прикажан филмот „Gypsy magic“, додека во наредните денови ќе бидат пројектирани „Тетовирање“, „Оган“, краткиот филм „Дае“ и „Австралија“.
Влезот е слободен, а ревијата ќе трае до 25-ти овој месец.
OhridNews