Американската актерка Гвинет Палтроу, која се спрема за својата нова улога, го замолила својот сопруг Крис Мартин да ја научи да свири гитара. Таа болува од болест на коските поради недостаток на витаминот Д, но и покрај тоа одбегнува да седи на сонце штитејќи го својот прекрасен порцелански тен.
Во последно време е целосно посветена на семејството. Своите деца ги сака премногу, и секој момент поминат без нив го доживува многу тешко. Тие биле и причината таа да ја одбие улогата во филмот „Данската девојка“, во кој требало да се појави заедно со Никол Кидман.