Се чини дека холивудската актерка Гвинет Палтроу експресно го преболе разводот од британскиот музичар Крис Мартин и уште побрзо пронајде утеја во телевизискиот продуцент Бред Фалчук. Иако нивната врска официјално била потврдена дури во април оваа година, се чини дека Гвинет не може да ги сокрие симпатиите кои ги има кон новото момче.

 

Папараците успеале да ги фотографираат на една плажа во Италија а вљубениот продуцент Фалчук никако не можеше да ги тргне рацете од својата избраничка. Инаку, Гвинет и Бред Фалчук се запознаа на снимањето на популарната серија „Гли“ која ја продуцира токму нејзиниот избраник.