Американската актерка Гвинет Палтроу сака да рапува и да потсвирнува додека готви. Актерката која неодамна ја издала својата втора книга рецепти „За здрави јадења без кеофеин, алкохол и млечни производи“, признала дека рапува кога и да е сама дома. Таа рекла дека за разлика од нејзиниот сопруг, рокерот Крис Мартин, обожава да готви со музика.

Таа навела дека кога тој готви мора да биде тишина, но штом него го нема дома, таа рапувала додека сецка и мати. Исто така открила дека претходно имала обичај пред појавуањето на црвениот тепих да држи строга диета, но дека повеќе тоа не го прави. Открила дека со диетата и фитнесот кој и ги препорачал славниот тренер Трејси Андерсон успеала да го сочува младиот изглед на телото.