Крис Мартин и Гвинет Палтроу наводно минуваат низ голема брачна криза бидејќи музичарот во поседно време е незадоволен поради нивното преселување во Лос Анџелес. Извор рекол дека Крис одлучно и рекол на актерката дека сака да се врати во родната Англија со нивните две деца, штом ќе се заврши училишната година. Тој не бил задоволен со животот на западниот брег затоа што холивудскиот начин на живот воопшто не му се допаѓал. Откако се преселиле во Лос Анџелес бил далеку од својот бенд и забележително ја запоставил кариерата.

Истиот извор додал дека Крис се согласил да се преселат само за да и се оддолжи на својата сопруга поради жртвите кои таа ги поднесувала во минатото поради него. На почетокот тој сето ова го поднесувал поради тоа што Гвинет постојано трпела кога тој со месеци бил отсутен поради турнеите на својот планетарно популарен бенд Колдплеј. Сепак, Крис овој пат сватил дека неа не и е неопходно да живее во Лос Анџелес како би и напредувала кариерата.