Славната актерка Гвинет Палтроу конечно го откри своето ново момче. Откако се разведе од Крис Мартин, фронтменот на Колдплеј со кој има две деца, Гвинет на Инстаграм ги потврди шушкањата дека повторно е вљубена. Станува збор за продуцентот на хит серијата „Glee“ Бред Фалчук, кој моментално работи и нова хит серија ‘Scream Queens’.
Продуцентот кој има 44 години и 42-годишната актерка досега се гледаа во тајност, а Гвинет гостуваше и на снимањата на серијата „Glee“ каде парот се запозна. Нејзиното момче претходно беше во врска со младата актерка Џенифер Лоренс која моментално е една од најплатените ѕвезди во Холивуд.