Холивудската актерка Гвинет Палтроу станала заштитно лице на новиот парфем „Boss Nuit Pour Femme“, кој бил инспириран од елеганцијата на малиот црн фустан, пренеле британските медиуми. Палтроу повеќе пати се обидела во модната индустрија, односно таа е заштитно лице на скандинавскиот моден бренд „Lindex“, како и брендот „Coach“.


Актерката ќе се појави во телевизиска реклама, ќе учествува во онлајн кампања, а и ќе се фотографира за печатеното издание на рекламата за новиот парфем кој ќе се најде во продажба од септември. Актерката така станала едно од заштитните лица на Хуго Бос, заедно со Сиена Милер, Орландо Блум и Џеред Лето.