Славната актерка е позната по здравиот начин на живот, но и завидната фигура. Но, Гвинет Палтроу која има 40 години тврдела дека луѓето имаат погрешнo мислење за неа, бидејќи мислат дека ништо не јаде, што како што тврди апсолутно не е вистина.
Во интервју за списанието „Рибок“ рекла дека јаде се и дека кога станува збор за храната е многу опуштена. Актерката која е во брак со фронтменот на бендот Колдплеј, Крис Мартин, истакнала дека не е толку строга и дисциплинирана кога станува збор за диетата, но и дека затоа е фокусирана на режимот на вежбање кој го практикувала подолг период.