Најомразена ѕвезда во светот на шоубизнисот е Гвинет Палтроу, покажало истражувањето на списането „Стар“. Познатата актерка и сопруга на британскиот музичар Крис Мартин оваа неблагодарна титула ја добила најмногу поради своите, како што многумина истакнале, „Претерани совети за здрав живот“. На второто место се нашла Кристен Стјуарт која публиката не ја поднесува откога го изневерила своето момче Роберт Патисон со режисерот Руперт Сандерс.

На третата позиција е Џенифер Лопез, на четвртата рок гитаристот и пејач Џон Маер, познат по тоа што им го скршил срцето на многу ѕвезди, меѓу кои Кети Пери и Тејлор Свифт, а на петтата кралицата на романтичните комедии Кетрин Хигл. На листата најомразен ѕвезди се нашле уште и Мадона, Џастин Бибер, Ен Хатавеј, Ким Кардашиан и нејзината мајка Крис Џенер, Ештон Качер, како и Анџелина Џоли, Линдзи Лохан и Крис Браун.