Холивудската актерка Гвинет Палтроу најверојатно ќе ја игра љубовницата на Пабло Пикасо, Дора Мар, во биографски филм за шпанскиот сликар кој ќе го глуми Антонио Бандерас. Дејството на филмот со име “33 дена“ ќе го следи животот на сликарот за време на стварањето на неговото познато дело „Герника“. Филмот нема да биде фокусиран само на неговата креативна работа, туку и на љубовната приказна помеѓу него и францускиот уметник Дора Мар.

Гвинет Палтроу, за која се смета дека жена со едно од најсиметричните лица, на водно ќе мора да „огрди“ за оваа улога, за што подобро да го претстави ликот на музата на Пабло Пикасо. Дора Мар била познат фотограф и сликар кога во 1936 година го запознала Пикасо. Биле во врска девет години, но тој ја оставил кога добил дете со Мари-Терез Волтер. Сценариото на филмот го потпишуваат Карлос Саура, Елиас Кверехета, како и францускиот писател Луис-Шарл Ширјак.