Актерката Гвинет Палтроу ќе пее на овогодинешното доделувње на оскарите. Актерката има голема трема и тврди дека само антидерпесивите би можеле да и помогнат да ја преброди. Гвинет ќе ја изведе песната “Country Strong” од истоимениот филм. Таа во иднина нема намера да стане пејачка и доволно и е тоа што нејзиниот сопруг Крис Мартин е лидер на групата „Колдплеј“.


Гвинет Палтроу пеела на доделувањето на наградите на здружението на кантри музичари на 10 ноември минатата година во Нешвил. Музиката од филмот “Country Strong” добро котира на топ листите, а филмот се прикажувал низ кината во САД од крајот на декември.