Оскаровката Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг, музичарот Крис Мартин, соопштиле дека се разделуваат после 10 години брак, пренесуваат светските медиуми. Парот на сајтот на актерката навел дека со тешки срца одлучиле да се разделат. Дошле до закчучот дека иако многу се сакаат, треба да останат разделени. Секогаш ќе бидат семејство и на некој начин биле поблиски од било кога претходно.

И додека веста за нивното разделување шокирала многумина, Гвинет и Крис уживаат на семејсниот одмор на Бахамите. Како што пренесуваат медиумите, наводно Крис и дал посебен подарок како би го обележале новиот период во нивните животи. Станува збор за слика на уметничката Мила Фурстова, на која е насликана птица во лет. Гвинет и пејачот на групата Колдплеј се венчале во декември 2003 година и имаат две деца.