Актерката Гвинет Палтроу која е позната по тоа што води „здрав живот“, објавила пост на својот твитер налог за мамурлукот кој го имала по роденденската прослава. Актерката напишала дека се лечи од страшен мамурлук на аеродромот ЏФК. Додала дека клинот се избива со клин и прашала каде е алкохолот сега.


Нејзиниот пост не минал незабележано, па комичарката Александра Венфорд и напишала ЊСреќен мамурлук. Слушнав дека било лудо! Следниот пат во Париз“. Гвинет на тоа и одговорила дека не е нејзина вина, бидејќи премногу ја служеле со алкохолни пијалоци.