Актерката Гвинет Палтроу во интервју за списанието „Closer“ открила дека обожава пиво и црно вино и дека за среќа нема проблеми со мамурлукот. Таа тврди дека за тоа имала одличен лек, па затоа не се воздржувала да ужива во некоја чаша алкохол.

Изјавила дека наутро по опивањето се тушира со ладна вода и потоа оди во сауна. Преку ден пиела многу вода и зелен чај.